Странските криминалци „перат“ милијарди фунти преку купување скапи имоти, предизвикувајќи вештачки раст на цените на куќите во Велика Британија, соопшти денеска Националната агенција за криминал (НЦА), која е британска верзија на американското ФБИ.
Директорот на економскиот сектор на НЦА, Доналд Тун изјави за „Тајмс“ дека цените во Лондон на недвижниот имот и на куќите за живеење се, поради ова, во постојано движење нагоре.
Според Тун, сето тоа се прави на вештачки начин и испровоцирано од криминалци, кои настојуваат да дојдат до имот и до згради на британската територија.
НЦА се вклучила во истрагата околу цените на имотите, откако се забележало дека голем број недвижен имот, куќи и ексклузивни станови се купуваат преку офшор компании, а зделките се направени со „очевидно испрани пари“.
– Верувам дека лондонскиот пазар за недвижен имот е опфатен со перење пари, истакна Тун.
Дури 150 милиони фунти има наплатено британската држава како данок на купен недвижен имот само во последните три месеци од оваа година, кои се наплатени од разни компании, инвестициски фондови и разни трустови, наместо од поединци.
Минатата годинасе наплатени 100 милиони фунти од 3.990 купени куќи. Од нив дури 80 отсто отпаѓаат на двете лондонски елитни општини Вестминстер и Кенсингтон и Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.