Едно лице е приведено поради постоење основано сомнение за можна поврзаност со денешното убиство во Струга, информира попладнево портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во моментов тој се носи во просториите на СВР Охрид каде ќе биде извршен разговор со него за целосно расчистување на убиството.
Димоски не откри повеќе детали во врска со случајот, но посочи дека СВР Охрид ќе изврши разговори и ќе продолжи со преземање мерки за негово расчистување.
Заменик директорот на УЈП и член на Управниот одбор на ФФМ, Аргентим Асани во Струга беше застрелан на улицата Марк и Енгелс од автомобил „голф“ кој бил во движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца