Според римскиот весник „Ил месаџеро“, Марс во текот на постапката изгубил неколку машки атрибути, а Венера двете дланки.
Двете статуи од мермер биле позајмени од палатата Киџи и биле поставени во седишето на италијанската влада, а во 2010 година Берлускони во својство на тогашен премиер барал тие да се „поправат“. И покрај острите критики на историчарите на уметноста, марс доби нова рака, пенис, штит и врв на мечот, а на Венера и биле додадени дланки.
Древните статуи од 175 година, се тешки 1,4 тони и високи 2,28 метри и ги претставуваат богот на војната со лик на императорот Марк Аурелиј, односно божицата на љубовта на која цртите и ги позајмила, сопругата на царот, Фаустината. Тие биле пронајдени во 1918 година во Остија, во близината на Рим.
Во мај 2012 година, по заминувањето на Берлускони статуите се вратени во Националниот римски музеј, каде стручњаците им ги извадија „протезите“.
„Разубавувањето“ на статуите коие чинеше 73.000 евра, предизвика полемика во земјата во време кога буџетот за култура поради програмата за штедење беше намален за 40 проценти.
„Поправките“ на Берлускони беа исмејувани во јавноста, а стручњаците ширум светот беа згрозени и истакнуваа дека такви интервенции се невкусни и уметнички недопустливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.