| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга настрада Аргетим Асани, член на Управниот одбор на ФФМ

argetim

Во центарот на Струга, околу 13,30 часот од возило во движење е застрелан и убиен членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Аргетим Асани.

Според информациите од полицијата во Асани било пукано од автомобил во движење на кејот на реката Дрим. Веднаш е префрлен во Градската болница, но набрзо подлегнал на повредите.

Аргетим Асани е член на Управниот одбор на ФФМ од 2011 година, а беше и заменик директор на Управата за јавни приходи на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top