Според Националната туристичка организација на Црна Гора, ова лето одмара 19 отсто повеќе гости од минатата година, но финансискиот ефект е незначително повисок.
Според најновите податоци, вечра во Црна Гора одмарале 142.514 туристи, а проценките од почетокот на сезоната ги надминаа очекувањата.
Претседателот на Туристичката асоцијација на Црна Гора, Жарко Радуловиќ, изјави дека во август се очекува уште повеќе гости поради новонастанатата ситуација во Грција.
– Со зголемување на ДДВ од 13 до 23 проценти, Грција станува скапа дестинација, а тоа ќе се почувствува најмногу во овој регион, значително голем број на туристи се свртија кон Црна Гора и Хрватска – вели Радуловиќ за црногорскиот весник „Побједа“.
Тој проценува дека, сепак, финансиските ефекти ќе бидат само за малку подобри од минатата година.
– Овогодишната структура на гости е таква што туристите трошат помалку отколку во претходните години. Сега, три или четири гости трошат исто како еден пред две години – рече Радуловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


