Во кафе бар веднаш до палатата на Кносос на Крит, семејство туристи се плаши да признае од каде се. Легендата вели дека Тезеј му ја отсекол главата на Минотаурот во урнатините затоа што вистината излегла на виделина, па сега семејството Баер можеби се плаши од повторување на настанот, пишува „Гардијан“.
– Можеби треба да се преправаме дека сме од Шпанија, вели Сенди Баер пред да му признае на грчкот келнер дека се всушност од Германија.
– Не плашете се – се насема келнерот Алекс
– Политиката не е за нас. Тоа е како да имам проблем со некој татко, а сета вина да ја префрлам на неговите деца, додава тој.
Сепак, Баер не сакаат да ризикуваат. – Не му кажувајте на готвачот дека сме Германци“, преплашено рече Германецот кој е продавач на интернет.
На политичко ниво, релациите помеѓу Германците и Грците се затегнати. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, е посебно лик кој е омразен. На еден грчки постер неодамна тој беше претставен како цица крв од Грција во изминатите пет години.
Но, малку од неговиот отров изгледа ги одвлекува германските туристи.
– Тука има големи фрустрации, а коа сте фрустриран, човечки е во другиот да ја гледате вината, вели Валерија Товарци, уште една германска туристка која шета низ урнатините на палатата.
Всушност, и покрај големата политичка драма, Германците продолжуваат да си постелаат пешкири по грчките плажи. Бројот на германски годишноодморци во Грција минатата година беше рекордно највисок. Според Германската туристичка асоцијација, како и по податоците од најголемиот туроператор во земјата, Туи, нивнот број во 2015 е уште поголем – посебно на Крит. – Во споредба со минатата година, сме во плус, вели Кузеј Есенер од Тиу. – Трендот оди нагоре, побарувачката расте, додава тој.
Но, некои сепак доаѓаат со страв. – Не сакам тука да зборувам на германски затоа што сите ќе гледаат кон мене, вели Роман Хајдавор, 18-годишен студент од Дортмунд, кој чека во ред на влезот во Археолошкиот музеј во Ираклион.
– Мислам дека грците не ги сакаат Гермаците баш многу поради канцеларот Ангела Меркел, додава тој. Но, Хајдавор не треба да биде загрижен. Не затоа што може да збрува и на друг јазик со неговото семејство – тие се по потекло од Русија – туку затоа што грчката антипатија е против германските политичари, а не против Гермаците.
Дури и за Јоргос Цанакис, критјанин кој гордо зборува за отпорот на островјаните против Германците во Втората светска војна, неговиот гнев не е личен. – Се сеќаваме на војната, вели Цанакис, капетан на фериброд кој ги превезува туристите по островот. – Тогаш го уништија Крит, а сега сакаат да ја уништат нашата економија. Но, грчкиот народ не мрази други народи. Тоа не е нивна вина, вели тој.
Јоана Пападопулос, жител на Германија чија мајка е Германка, а татко и е Грк, исто сака да коментира за приемот кој Германците го добиваат на Крит. – Германците понекогаш прават шеги за моето двојно потекло, но тука немам никакви проблеми, вели таа додека шета низ палатата на Кносос.
И покрај се, некои германски туристи самите чувствуваат потреба да им се извинат на Грците поради недостигот на солидарност од страна на нивната Влада. Кога келнерите во кафе барот „Мецо“ во источен Крит дошле да ја исчистата масата по некои Германци кои седеле таму, нашле повеќе од напојница. На сметката гостите напишале: „Извинете заради нашата влада“.
Кај некои Германци посетата на Грција помага во создавање поголема емпатија за грчките маки. Додека пие пиво „Митос“, Баер вели: „Во Германија само гледаме на телевизија, а не ги знаеме луѓето – само ги гледаме на екранот“. Неговата сопруга Уте, која е негователка, продложува: „Некои Германци мислат дека Грците одат право во рајот. Но тука гледаме како тие всушност изгледаат – и колку вредно работат“.
Неколку урнатини понатаму, во блзиина на кралската соба, 18-годишната берлинка Сара Акопова, исто искажува симпатии за грците. – Мачно е кога минувате покрај луксузен хотел, а потоа гледате огромни редици луѓе пред банките, а луѓето не можат да си ги извадата парите, вели таа. – Не ги разбирам оние во Германија кој велат дека не можеме повеќе да им даваме пари. На земјата и требаат пари, а ние можема да им ги дадеме, смета Акопова.
Пријателката на Акопова, исто студентка, Валерија Троваци, сметала дека Меркел веќе доволно сторила за Грција. Но, патувањето и разјаснило некои дилеми кои таа ги имала пред да пристигне тука. – Бев скептична, но откако слетавме веќе бев маѓепсана. Храната и луѓето се толку добри и пријатни, вели 18-годишната студентка.
Назад во кафе барот, келнерот Алекс се шегува дека Германците не се тие од кои треба да бидеме загрижени. – Всушност, оние од кои треба најмногу да се плашат се Македонците, им вели на Баерови, во контекст на спорот меѓу Грција и северниот сосед. – Тие често велат дека се од Хрватска, додава тој.
Поглед од Германија
Костас Папанастасиу (78) се подготвува за уште една долга ноќ во „Терцо Мондо“, неговата грчка таверна во населбата Шарлотенбург во западен Берлин. Тој често разговара и со последниот гостин, најчесто околу два по полноќ. За него и за сите Грци во Германија, ова беше уште една презаморна недела.
– Тука во Германија, во еден дневен весник на насловната беше претставен Алексис Ципрас како лежи на стомак со чизма врз неговиот врат, раскажува тој за грчкиот премиер. – На чизмата пишува Европа. Така тие го гледаат сето ова. Европа не прекршува. Ако Германците навистина сакаа да ни помогнат, тие барем имаат искуство од историјата за тоа, вели Папанастасиу, кој дошол да студира во Берлин во 1956 година и основал грчка заедница за да им помага на гастербајтерите кој дошле по него.
– Кога Германија беше кутната на грб по војната, во 1953 финансиски беше помогната, вели тој. – Три години подоцна дојдов во Брелин токму во времето на економското чудо. Потоа Грците почнаа да доаѓаат во Германија да работат, раскажува тој.
Сега повторно се случува тоа. Новата генерација Грци, кои дојдоа во Германија по почетокот на економската криза, се веќе изморени.
– Најверојатно немаше да почнам да учам германски јазик ако кризата не постоеше, вели Марија Ојкономидиу, 31-годишен координатор на Хеленското друштво во Берлин. – На повеќемината од нас ни беше веќе преку глава, вели таа.
– Нашите срца се во Грција. Но, збеснувам кога го гледам мојот народ како е преплашен за својата иднина, и затоа сум засрамена и понижена. Што можат тие да сторат? Тука во Германија се соочував со дискриминација и морав да почнам да да ја бранам мојата земја од луѓето тука, раскажува таа.
Санатана Сојлемеѕиу, 35-годишна студентка по медицина која живее во Германија од 2008 година, е исто гневна. – За догворот, гневна сум и лута само заради еден човек, Алексис Ципрас, кој работи во име на целата нација, вели таа. – Тој ќе ја уништи земјата, нема сомнеж околу тоа, додава.
– Жално е што грчкиот народ гласаше со големо „охи“, вели Сојлемеѕиу. – Како и да е, пропаѓаме, немаше добар избор, но го избравме најлошиот. Или ако смеам да кажам, бевме присилени на тоа. Ова е игра на моќ, а не на солидарност. Кога нешто не функцонира, не продложувате понатаму. Ќе протестирам не само против германската Влада, туку и против секој кој сака да им се вовлекува. А такви има многу, вели таа.
А демонстрантите, барем оние во Берлин, секој ден се се погневни.
– Полицијата синоќа ми го зема транспарентот затоа што на него германската Влада беше споредена со криминалци, вели Василија Фотиаду, 56-годишна Гркинка, учителка која живее во Германија уште од дете.
– Сега се води истрага против мене, но јас не сум таа која го крши законот. Тие се оние кој сакаат да воспостават диктатура во Европа. „Грекзиот“ ќе биде катастрофа за грчките банки, и прескап за Европа, но на долг рок тоа ќе биде подобро за грчката држава, смета таа.
Симпатиите помеѓу Германците за борбата на Грците исто расте. Д-р Холгер Бау е Германец коосновач на „Почит за Грција“ уште од 2012 година и собира донации за Грците на кои им треба медицински третман, но немаат здравствено осигурување.
– Хуманитарната криза е целсна катастрофа и многу Германци сега го согледуваат тоа, вели Бау. – Не може да се толерира тоа што Шојбле и се заканува на Грција со „грекзит“, дури и ако е привремен. Ја загубив сета гордост која ја имав за мојата земја, додава тој.
Но, не сите Грци во Германија ги обвинуваат Меркел и Шојбле.
– Во изминативе пет месеци почнавме да сфаќаме зошто трагедијата, комедијата и драмата биле измислени во Грција, вели Христос Маразидис, портпарол на „Елините“, грчката заедница во Минхен.
– Сириза е таа која не доведе до овој хаос, но Ципрас барем во последен момент ја задржа Грција во еврозоната, додава тој. – Не се тоа Германците. Ако Сириза дојдеше до договорот порано, тоа немаше да не чини дополнителни 11 милијарди евра. Но, ако ставите тројца Грци во просторија, од нив ќе добиете шест различни мислења, вели Маразидис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција