| четврток, 6 декември 2018 |

Обликот на носот не е случајност: Што говори тој за нас како личности?

Стручњаците велат дела обикот на носто ја открива личноста на човекот. Дпколку сакате да дознаете каква личност е некој добро погледнете го неговиот или нејзиниот нос и ќе ги откриете особините кои ја красат таа личност.

Прав нос

Личноста со класичен прави тесен нос е инспирирана личност, која е човек од акција и поседува добри организиациски особини. Овие луѓе е добро да ги имате покрај себе во моменти на криза. Личностите со ваков нос не креваат паника, размислуваат логично и ги држат емоциите за себе. Во работата се мошне ефикасни.

Широк нос

Широк нос имаат личностите кои поседуваат лидерски вештини. Таквиот нос открива силна личност, но не во смисла на темперамент. Луѓето со широк нос се темпераментни, не донесуваат одлуки на брзина и имаат способност да влијаат на другите. Тие се ефикасни организатори и знаат да ги инспирираат останатите.

Меснат нос

дека овие луѓе се грижливи и верни партнери.Во коренот е тесен, но по должината се шири. Ваков нос имаат луѓето кои брзо размислуваат и брзо делуваат. Понекогаш можат да бидат мошне паметни, а можат да бидат агресивни. Се верува дека овие луѓе се грижливи и верни партнери.

Прчест нос

Овој  благо поткренат нос открива љубезна и оптимистичка личност. Ова се луѓе кои се опкружени со семејството и пријателите и уживаат во тоа. Луѓето со ваков нос се полни со ентузијазам и сакаат да експериментираат. отворени се за сексуални авантури, но умеат да бидат верни.

Крив нос

Луѓето кои имаат крив нос надолу обично сами го осмислуваат својот начин на живот и не ги следат останатите луѓе. Ним не им е потребно одобрување и најчесто се бунтовни. Тие не се грижат за тоа што велат другите за нив и се држат до своите верувања. Најсреќни се кога ги остваруваат своите цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top