Откако објавија пред јавноста дека принцот Хари ја побарал нејзината рака, актерка Меган Маркл е во центарот на вниманието и скоро да нема ден светските медиуми да не објават нешто за неа.
Нејзината популарност вртоглаво порасна, а сега и њујоршкиот пластичен хирург Дејвид Канг вели дека дека се повеќе жени доаѓаат со барање да го „добијат“ нејзиниот нос со помош на пластична корекција.
– Обликот на носот на Меган, односно назалните пропорции се убаво комбинирани со остатокот од нејзиното лице, така што линиите изгледаат правилно и симетрично. Уште од пред неколку месеци почнаа да доаѓаат пациенти со ова барање, објаснил тој.
И пластачниот хирурд Ед Стивен Гринберг добил бројни вакви барања, открил тој за магазинот „Е“, но додал и дека тоа за повеќето жени би било голема грешка. Како што објаснил тој, Меган на предниот дел од носот има благо вдлабнување, што иако на нејзиното лице изгледа совршено, но повеќето жени би изгледало многу лошо, па затоа треба добро да размислат пред да се решат на ваков чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сите ја прават истата шега за Меган на Вимболдон
-
Минатото ја следи војвотката Меган на секој чекор: Не може да избега од жешките сцени…(видео) (галерија)
-
Сега знаеме зошто мајката на Меган Маркл изгледа болно и очајно: Таа морала да го потпише ова…
-
Зошто Меган Маркл мора да се поклони пред Кејт Мидлтон?