| четврток, 6 декември 2018 |

14 години за лажниот адвокат на Милошевиќ и на Садам Хусеин

dzovani di stefanoЛажниот британски адвокат од италијанско потекло Џовани ди Стефано, кој се претставуваше дека бил правен советник или дел од правниот тим на Садам Хусеин и на Слободан Милошевик, е осуден од судот во Лондон на 14 години затвор.

Ди Стефано беше обвинет за дури 25 разни кривични дела, меѓу кои и за фалсификување, за измами и за перење пари, сите извршени во периодот меѓу 2001 и 2011 година.

Во британската јавност тој беше познат како „адвокатот на ѓаволот“ затоа што го претставуваше крупниот криминал во Велика Британија, како и поради измамите и маките што им ги нанесе на стотици луѓе.

При изрекувањето на пресудата судијата го нараче Ди Стефано голем измамник кој на душа носи многу обични луѓе, кои имаат преживеано тешки стресови поради мизеријата во која се нашле по загубата на парите кои му ги давале на лажниот адвокат. Меѓу измамените е и еден инвалид, кој загубил 150 илјади фунти, верувајки дека „адвокатот“ Ди Стефано ќе му помогне да наплати отштета за несреќата во која останал без една рака. Во текот на судењето беше обелоденето дека со измами и со „матни“ зделки Ди Стефано заработил повеќе милиони фунти.

dzovani 2На луѓето им зборувал дека го застапува Рони Бигс, еден од главените крадци во големиот грабеж на пари од поштенскиот воз од пред 50 години на линијата меѓу Глазгов и Лондон, дека бил меѓу адвокатите од правниот тим на ирачкиот диктатор Хусеин во текот на неговото судење во Багдад, дека бил меѓу правниците кои го застапуваа поранешниот српски претседател Милошевик во Хаг и дека е пријател со неговата ќерка, како и дека бранел на суд низа тешки криминалци и убијци во британските судови.

Судот утврди дека Ди Стефано нема квалификации за правна работа и дека не е регистриран да биде адвокат, ниту во Велика Британија ниту во Италија. Тој е роден во Италија, но како дете со родителите се преселил во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top