„Економист“ ги пренесува и сите точки кои се предвидени во договорот а при тоа анализира што ќе резултира од договореното и како овој договор влијае на целокупната политичка клима во Македонија. Директното мешање на ЕУ во организирањето на политичкиот живот, се наведува во веста, покренува загрижувачки прашања во однос на суверенитетот на државата и може да ги заокружи со поткопување на демократијата во земјата.
Со оглед на вмешаноста на ЕУ во политичкиот живот на многу балкански земји, кое станува еден вид на норма (вклучувајќи ја и Грција), многу набљудувачи ја доведуваат во прашање улогата на ЕУ. Но сепак, се додава таквите отворени мешање може и да не биде добро за демократијата во Македонија.
„Економист“ ги анализира и однесувањата на политичките лидери, по постигнатиот договор, па пишува:
И двете страни, се наведува во веста, прогласија победа по потпитувањето на договорот. Oпозициониот лидер, Зоран Заев изјавил оти техничката влада била една од клучните барања, со што ќе се овозможи на СДСМ да има влијание и моќ во Владата пред изборите, истовремено, и оставката на Никола Груевски беше едно од барањата на опозицијата.Од друга страна пак, господинот Груевски изјави дека успешното разрешување на политчката криза, ќе ја врати Македонија на евро-атланскиот пат и интеграција. Решавањето на политичката криза, според Иво Вајгл, словенечки пратеник во Европскиот парламент, ќе значи дека Македонија може да очекува зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, по речиси декада на подготовки, сенаведува во веста.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ останува партија со најголем рејтинг
Иако со договорот се предвидува ВМРО-ДПМНЕ да ја дели власта со СДСМ, господинот Груевски остана позитивен во неговите јавни изјави и настапи. Тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во април 2016 година. Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека СДСМ е на второто место доколку во моментов се одржат избори.
Локалите медиуми во Македонија, пренесуваат дека СДСМ барала техничка влада подолг период од 6 месеци, се со цел за да може да се подготви и претстави пред електоратот, пишува Економист.
Истражувањето на јавното мислење, се наведува во веста, кое се спроведе во периодот од 6-16 јули од страна на ИРИ покажа дека политичкиот скандал имал многу мало влијание врз јавното мислење на граѓаните и не било во корист на СДСМ. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 23% од испитаниците, додека пак СДСМ 11%. Тоа значи дека и покрај „бомбите“ на СДСМ, владејачката партија останува попопуларна од СДСМ и тоа со два пати поголема поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.