| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола дебата на историчари од Македонија и Бугарија: Историографијата се ослободува од идеолошки или политички предрасуди

Водечките македонски и бугарски историчари  за првпат седна на заедничка маса,  отворено, на научно ниво, да дебатираат околу значајните историски настани што се случувле на Балканскиот полустов, објави „Телма“.  Оваа научна конференција   се одржува во Битола, во организација на Македонската академија на науките  и уметностите и Бугарската академија на науки. Според организаторите ова  е поттик за отворена научна комуникација за било кое прашање.

-Дојде време кога историографијата се ослободува од идеолошки или политички предрасуди и може да расправа отворено за кое било прашање без тоа да значи дека мора секогаш да се додјде до единствено гледиште, бидејќи науката како важна општествена дејност се потпира врз одредени разлики, научни ставови, теории, учења. Научниците не секогаш мора да се согласат за некоја работа, но најважно е дека тие седнуваат и пријателски рзговараат, рече академик  Владо камбовски,претседател на МАНУ.

Иницијатор на оваа научна средба е претседателот на Бугарската академија,  Стефан Воденичаров,

-Ние денес заеднички оддаваме почит на сите силни херои кои пред 112 години го дадоа најскапото, го дадоа својот живот во борба против тиранијата што долго време ги мачеше двете земји. Луѓето што го поведоа Илинденското востание беа големи луѓе. Со денешната средба во Битола сакаме да им покажеме на идните генерации дека тука имало смели луѓе, силни луѓе, луѓе кои сакаат да живеат достоинствено.  Се прашувам,  дали ако сега се случи такво нешто,  ќе се најдат такви луѓе кои ќе речат тргнувам ,па што сака нека биде,изјави академик Воденичаров.

На оваа научна конференција  со тема „Ослобододителните војни на Македонија од источната криза до Балканските војни“  беа претставени вкупно 12 научни трудови. Двете академии досега реализирале 33 заеднички научно истражувачки проекти, а најавуваат уште поинтензивна соработка и во иднина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top