| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена девојка за подметнување пожари во Корчула

Полицијата на хрватскиот остров Корчула денеска уапсила 24-годишна девојка под сомнение за намерно подметнување неколку пожари на островот, јави Хина.

pozar korcula

Полицијата тврди дека на 21 јули пироманката запалила нискостеблеста шума и трева на две места покрај патот, а потоа предизвикала пожар и во складиштето на еден од рестораните на островот.

Следниот ден таа одново запалила сува трева и нискостеблеста шума, што довело до голем пожар, што зафатил површина од 400 квадратни метри.

Огнот бил изгаснат од противпожарната служба и со помош на локалните жители.

На 22 јули вечерта пироманката ја запалила тревата во дворот на куќата, во која била сместена, а ноќта околу 2.40 часот предизвикала пожар и во самата куќа. Како последица на пожарот изгореле завесите, вратите, клима-уредот и дел од креветот во нејзината соба.

За жената е поднесено обвинение за закана по животот и имотот на граѓаните и е задржана во притвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top