Дрогата била скриена во гуми на автомобил со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин, при негов обид за излез од државата.
Пазарната вредност на дрогата во малопродажба достигнува до 100.000 евра, а албанскиот државјанин ја транспортирал од Албанија за Бугарија. Претходно договорил да ја продаде на лице од Софија со кое се запознал, според првичните искази, на работа во Италија, по цена од 1.500 евра по килограм.
Цариниците го откриле обидот за шверцување на дрогата откако албанскиот државјанин со возилото „фолксваген голф“ за излез од Македонија не застанал на царинската линија за контрола и се упатил директно на пасошка контрола. Тоа на цариникот му станало сомнително и му наложил да се врати, а по нервозното однесување на возачот, решил да направи детален преглед на возилото. Изгледот на гумите бил невообичаен и со испуштање воздух од нив цариниците почувствувале силна миризба, по што е проверена внатрешноста на гумите и е пронајдена марихуаната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.