На 26 јули, недела во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“.
„МКЦ за Скопје“ е настан со кој ќе се одбележи 52-та годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес.
Трагичен настан што нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на силата и сплотеноста на луѓето што го сакаат Скопје.
На 26 јули, недела, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим, со наслов „Херои и нули“, потоа следува проекција на документарниот филм за култните Леб и сол, „Каша“, во режија на Дарко Марковиќ, па концертен настап на групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



