| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје одбележува 52 години од катастрофалниот земјотрес

В недела, 26јули во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња.

Zemjotres-Skopje-1963-1

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top