| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Словачка, почина двегодишно девојче заборавено во автомобил

 

tragedia-nestastie-Nitra-Kristinka

Двегодишната Кристина починала од жештина, откако нејзиниот татко ја заборавил во автомобилот. Педесет и шестгодишниот Јосеф утрото требало да ја остави својата ќеркичка во градинка. Таа седела на детското седиште во семејниот „фолсфаген пасат“, каде што нејзиниот татко ја заборавил кога отишол на работа, околу 8 часот.

 

До автомобилот се вратил дури околу 15 часот, каде што го нашол безживотното тело на своето дете. Кристина со часови врескала трпејќи неподнослива жештина. Температурата дента била 37 степени, но се претпоставува дека во автомобилот достигнала и до 70 степен.

bebica

Тој се обидел да ја оживее, а во паника и плач викал „Ја убив, ја убив“, пренесува словачкиот портал topky.sk, додавајќи дека ваква трагедија не е запаметена во Словачка.

Против таткото е поднесена кривична пријава за родителска негрижа, но тој не бил во добра психичка состојба за да може да даде изјава во полиција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top