Пред повеќе од една деценија Реал Мадрид успеа да си собере „сите“ фудбалски ѕвезди во тимот. Роналдо, Фиго, Зидан, Бекам, Касилјас се само дел од еден голе проект кој беше именуван „галактикос“.
Големи ѕвезди, различни карактери, суети. Тоа не беше проблем за да се освојат голем број на трофеи.
Секој од овие фудбалери си имал свои „бубачки“ во главата, па така Роналдо Да Лима имал голема желба да излегува навечер и добро да се забавува во ноќните клубови во Мадрид.
Во една прилика претседателот Флорентино Перез го прашал зошто го прави тоа и зошто не се угледа на Луис Фиго кој е фамилијарен човек и се му е подредено на фудбалот и за промена една вечер остане дома. Одговорот што го добил Перез бил зачудувачки.
– Претседателе, кога би го имал дома тоа што го има Фиго, ни ја не би излегувал – одговорил Бразилецот.
Фиго има една од најубавите сопруги во фудбалскиот свет, шведската манекенка Хелен Сведин со која има и три ќерки. За разлика од Роналдо, тој никогаш не ги полнел медиумите со скандали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)