| четврток, 6 декември 2018 |

Туристичка агенција оставила 245 патници без одмор, меѓу нив и позната српска пејачка

patnici-aerodrom-10

Српската пејачка Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг, актерот Иван Босилчиќ, со своето семејство тргнале на одмор во Грција, но на половина пат морале да се вратат во Белград.

Туристичката агенцијa не направила резервација, ниту, пак, платила во нивниот хотел. Томашевиќ на „Фејсбук“ предупредува дека уште 245 патници се со слична судбина како нејзината.

11392785_1598184707127402_3312850956199560204_n

– Драги пријатели, пред некој ден ви ја препорачав агенцијата „Уника травел“, од која во една емисија, која е снимена во просториите на таа агенција, добив на подарок ваучер за летување во Грција. Денес со семејството тргнавме на море. Странските соработници на оваа агенција ни се јавија да се вратиме во Белград, бидејќи ваучерите не се валидни, ниту во хотелот во кој требаше да престојуваме бил уплатен аранжманот, ниту резервација. Колку што дознав, уште 245 други патници се во истата ситуација. Ги предупредувам сите кои имале контакт со оваа агенција, додека не излезе официјално соопштение од полицијата за овој случај, добро проверете ги своите аранжмани – пишува Томашевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top