Шпанија ја подигна старосната граница за стапување во брак од 14 на 16 години по бројните протести на организациите за заштита на деца.
Покрај тоа, подигната е и минималната старосна граница за стапување во сексуални односи од 13 на 16 години, откако бројни меѓународни тела вклучувајќи ги и ОН и Европскиот совет вршеле притисок врз Шпанија.
Според досегашниот закон во Шпанија, 14-годишните девојчиња можеле да стапат во брак со одобрение од судот. Шпанската влада пред две години најави дека ќе го промени законот со цел заштита на децата од присилни бракови и експлоатација. Регулативата стапи на сила вчера и е во склад со законите во повеќе европски земји.
Според официјалните податоци, до сега многу мал број деца помлади од 16 години стапиле во брак, односно само пет минатата година и две во текот на 2013 година. Во Шпанија сега старосната граница за стапување во сексуални односи е иста како и во Франција, Велика Британија и Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.