| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА пронајде планета на која би можело да се живее

Научниците на НАСА објавија дека откриле планета слична на Земјата нарекувајќи ја „поголемиот и постар роднина”, јавуваат светските медиуми.

planeta zemja

– Денес Земјата е малку помалку осамена бидејќи има нов другар – изјави Џон Џенкинс од истражувачкиот центар на НАСА.

Планетата е наречена Кеплер – 425б и е првата екстрасоларна планета со големина блиску до Земјата која орбитира околу една ѕвезда слична на Сонцето во зона погодна за живот. Таа се наоѓа во сончев систем кој е 1.200 светлосни години далеку.

Новата планета е поголема од Земјата што значи дека веројатно има карпеста површина.

Најновото откритието е направено со помош на вселенскиот телескоп Кеплер (по кого е именувана планетата) со што се покажа дека големата инвестиција е оправдана. Кеплер е лансиран во 2009 со цел изнаоѓање планети во други соларни системи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top