Општина Радовиш активно продолжува со реализација на капиталниот проект асфалтирање на улици во градот и населените места. Денеска и покрај високите температури, беше асфалтирана улицата во „Корчо Маало“, која беше споена со ул. „Калаузлиска“ и е дел од пакетот улици кои се реализираат во 2015 година.
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов ја посети локацијата на кои се изведуваат финалните асфалтерски работи за завршување на ул: бр. „4“ во Корчо Маало на потегот од „Шаин Маале“ кон улица „Калаузлиска“ каде се реши повеќедеценискиот проблем на граѓаните од овој дел на градот.
Улицата е со должина од 271 метар, изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“ од Штип, а надзор е фирмата „Евроконсалтинг“ од Скопје.
Вкупната инвестиција од буџетот на општина Радовиш изнесува 1.429.021 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија





