Славниот фудбалер учествуваше во емисија од хуманитарен карактер под наслов „Нок, нок, лајв“ („Knock, Knock, Live“) во која ѕвездите тропаат на врата на сиромашни семесјтва и им подаруваат пари, а ги изненадуваат и со посета на омилените ѕвезди.
Така Бекам го посети домот на семејството Гонзалес. Виктор бил професионален фудбалер во Мексико, кој морал да се откаже од омилениот спорт и да прифати работа во градежништвото за да го прехрани семејството, кое, пак, го гледа само еднаш месечно.
-Ми раскажаа се за вашето семејство. Почестен сум што сум овде и што имам можност да ве запознам и да бидам во вашиот дом – рече Бекам и му врачи на Виктор чек од 100.000 долари, а одушевените членови на семејството ги почести со вредни подароци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


