Утревечер, 24 јули петок, во градскиот парк на ракометното игралиште во Стар Дојран ќе одржи концерт балканската рок-легенда Бора Чорба од „Рибља Чорба“. Стартот на концертот е закажан за 23:00 часот, а атмосферата ќе ја загрева Марко Логаут.
Влезните билети за настанот се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари, а се продаваат на 3 локации во Дојран (Трафика Џинов, Инфо Бирото во Стар Дојран и сендвичара Џина). Вечерта, на влез билетите ќе бидат по цена од 200 денари.
Овој концерт е само еден дел од летните активности на „Иноватива Груп“, a во подготовки и во најава се и други фестивали и настани. Концертниот настан на Бора Чорба е поддржан од Општина Дојран и е дел од Дојранското, културно лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.