Хрватските безбедносни агенции проценуваат дека во БиХ живеат околу 4.000 екстремисти на Исламска држава, пишува загребски „Глобус“.
Повикувајќи се на инсајдерски извештај за позадината на хрватската борба против ИД, весникот ја наведува проценката дека на милион жители во БиХ доаѓа по 41 борец на таа терористичка организација, што, како што се тврди, е еден од најголемите европски просеци.
Од БиХ во Сирија, напоменува весникот, заминале 156 мажи со 36 жени и 25 деца. Од почетокот на годината се вратиле 48 мажи и три жени. Загинале 25 мажи и една жена.
Според старосната структура, најстариот борец во Сирија од БиХ имал 74 години, додека просекот на старост на жени е 27, а најстарата има 55 години. Борците на ИД од БиХ заработуваат од 50 до 100 долари месечно, а една третина од нив не се претходно кривично евидентирани поради тероризам или кражби.
– Босна е земја во која војната не е завршена, туку прекината, ја пренесува „Глобус“ изјавата на надлежните во службите за безбедност, а Павле Калиниќ, началник на загрепската Канцеларија за управување со кризни ситуации, вели дека Хрватска е потенцијална мета со самото тоа што била вмешана во војната во БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонците во БиХ од денеска ќе патуваат само со лична карта
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”