Во огнената стихија која е нашироко распространета низ Пељешац и Корчула се оштетени голем број лозја, борови шуми и домашни животни. Меѓу останатите куќи на Пељешац, пожарот ја уништи и вилата на познатиот пејач Дино Мерлин.
-Моето срце е скршено, тој камен, тие борови дрвја, тоа место… Се чувствувам тажно, но морам да продолжам понатаму и да бидам она што сум, рече познатиот босански пејач.
По уште една неспиена ноќ, пожарникарите продолжуваат и понатаму да ги гаснат опожараните области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.