Новиот стрип албум го обработува животот на Александар, од неговото раѓање до битката на Хиронеја кога имал 16 години, на 50 страници во боја, а ќе се продава на сите попристојни продажни места низ Македонија.
Изданието е со базичен текст на Ниче Димовски-Македон, адаптирано од Оливер Ромески, со цртежот на Зоран Танев и колорот на Тони Анастасовски, додека дизајнот и монтажата се на Александар Николовски.
Во ова стрип-издание автентично е прикажана содржината на едно време за детството и животот на Александар Македонски. Сите ликови и места (топоними, ороними, хидроними) се вистински, според постојните записи, а најсликовито се прикажани клучните настани во една поврзана целина.
Ова четиво по својата содржина е повеќенаменско поради извонредно насликаните ликови и настани. Стрипот и овојпат ги докажува своите можности за визуализација, а дијалозите на ликовите ја даваат јачината на насликаното. Оттука, овој стрип-албум е прекрасно четиво за сите возрасти.
За животот на Александар Велики Македонски се планира да се направат уште две стрип-изданија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.