Центрите на ИТИ од Македонија и од Хрватска во соработка со МНТ Битола и третото издание на „Шекспировиот фестивал“ во периодот од 23 до 28 јули, ќе изведат заедничка театарска работилница на тема „Сонетите на Шекспир“.
Работилницата ќе ја води професорот и шекспиролог Мартин Рандал од Канада.
Еден шекспиролог, двајца драматурзи, тројца режисери, една перформерка, еден антрополог и витални актерски ансамбли од Македонија (МНТ Битола) и САД (Лит Мун, Санта Барбара) заеднички ќе ја создаваат планираната претстава според лириката во сонетите на Шекспир.
Модератор е Иванка Апостолова, локален ко-организатор ИТИ центар, Македонија. На работилницата ќе учествуваат Билјана Крајчевска – драматург, Македонија, Јован Ристовски – режисер, Македонија, Анѓелчо Илиевски – режисер, Македонија, Мирна Рустемовиќ – драматург, Хрватска, Ивана Стојковска – перформер и политиколог, Македонија, актери од НУ Народен театар Битола, Лит Мун театарска компанија – Санта Барбара, Калифорнија, САД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.