| четврток, 6 декември 2018 |

Бентеке во Ливерпул со бројот 9

ben

Кристијан Бентеке е нов член на Ливерпул откако доцна синоќа го комплетираше трансферот на „Енфилд роуд“. Раководството на „црвените“ долго време преговараше со претставниците на Астон Вила, за на крајот да прифати да ги плати 32,5 милиони фунти, колку што тимот од Бирмингем бараше од самиот почеток на разговорите.

Чест ми е што доаѓам во гигант како Ливерпул. Разговарав со менаџерот Роџерс и ми се допадна проектот, верувам дека можеме да бидеме многу успешни, дојдов овде за да освојувам трофеи“ – изјави Бентеке, кој го зеде дресот со број девет на новиот клуб.

Белгискиот ас нема да се приклучи на турнејата на Далечниот исток на Ливерпул, туку ќе ги дочека „црвените“ назад во Англија заедно со второто големо засилување, Бразилецот Фирмино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top