Ова се неколку секојдневни навики за безболен начин до подобра фигура, но и поголема духовна енергија.
Пеш на работа
Наместо повторно да седнете во вашиот автомобил или пак во првото такси, за промена појдете пешки на работа. Утринските гужви и онака ќе ви го одземат истото време, а вие ќе се расоните, ќе потрошите калории и ќе го зацврстите телото.
Ако работите многу далеку тогаш фатете автобус. Сепак ќе имате пат за пешачење до автобуската станица, а ако стоите во автобусот при неговите ненадејни кочења ќе ги активирате мускулите за да ја задржите рамнотежата.
Лифтот заменете го со скали
Наместо повторно да го чекате лифтот да се симне од 3-тиот кат тргнете нагоре по скалите. Ќе го раздвижите телото пред или после работниот ден од осум часа седење во фотелја, а и ќе направите бесплатна и крајно ефикасна вежба за подигнување на задникот.
Домашен пакет
Не порачувајте повторно скап сендвич со огромен број на калории и сојузник на целулитот или пак затворена пица од соседната пекара. Ќе го заштитите вашето здравје, но и ќе заштедите пари ако си направите од домашен пакет со диетален црн леб, домати, краставички, путер и парче кашкавал. Вкусно, здраво, диетално и економично!
Диетални сусамки и природен сок
Наместо смоки и кока кола консумирајте диетални сусамки и сок од природно овошје. Задоволството ќе го имате повторно и нема да треба да се збогувате со навиката да грицкате или пиете нешто во текот на работното време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



