| четврток, 6 декември 2018 |

Што да направите ако добиете сончаница?

Сончаницата е сериозна здравствена состојба која настанува при изложување на главата на висока температура. Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, црвенило на лицето и температура на телото над 38.9 степени. Подоцна може да појави и зуење на ушите и проблеми со видот. Добро знаете дека не треба да се изложувате на јако сонце за да не добиете сончаница, но треба да знаете што точно да направите ако ви се случи вам или на некој околу вас.

Sonnenstich

Тргнете се под сенка

Личноста која добила сончаница однесете ја под сенка и тргнете ги сите непотребни работи како чорапи, чевли и капа. Разладете ја личноста со умерено ладен вода и ставете мокра крпа околу вратот, на препоните и под пазувите.

Легнете

При сончаница можно е да се онесвестите па многу е важно да легнете што побрзо. Ако личноста се онесвести свртете ја на левата страна со свиткана лева нога за одржување на стабилноста.

Течности

Пијте засолена вода (1 лажица сол на 1 децилитар вода) со цел да не дехидрирате и да го надокнадите губењето на солта во организмот. Водата не смее да се пие пребрзо за да не се добие шок.

Останете мирни

Личноста може да добие напад на паника, но многу е важно да останете мирни и да дишете длабоко. Вознемиреноста само ќе го забрза пумпањето на крв и додатно ќе ја подигне температурата на телото.

Итна помош

Во зависност од јачината и симптомите јавете се на итна помош. Ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото траат повеќе од еден час потребно е да се јавите на итна помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top