| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинство Германци против одлуката на Бундестагот да и се помогне на Грција

Мнозинство Германци – 56 отсто, сметаат дека е погрешна одлуката на Бундестагот од минатата недела да се поддржи третиот пакет финансиска помош за Грција, се вели во резултати од анкета на Институтот за истражување на јавното мислење – ИНСА.

603526_bundestag01foto-ap_f

Посебно против одлуката на Бундестагот се Германците на возраст меѓу 45 и 54 години. Само 33 отсто Германци ја поддржале таа одлука.

Бундестагот пред неколку дена на вонредна седница и со жестока пратеничка дискусија даде „зелено светло“ за новиот пакет економска помош вреден 86 милијарди евра, договорен во Брисел.

Против одлуката на Бундестагот се избирачите на Алтернатива за Германија, конзервативци, деничари и еврокритички партии – 87 отсто од анкетираните, како и 69 отсто од неопределени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top