Државниот долг на Грција во првиот квартал од оваа година е намален на ниво од 168,8 отсто од бруто домашниот производ, но и натаму е највисок во рамки на ЕУ, соопшти денеска Евростат.
Како што јави ДПА, грчкиот државен долг во првите три месеци од годинава е намален за осум процентни поени во однос на последниот квартал од 2014 година, што претставува најголемо намалување на задолженоста во ЕУ.
Во првиот овогодишен квартал, според податоците на Евростат, државниот долг на Грција изнесувал 301 милијарди евра, од кои најголем дел отпаѓа на задолжувања на име на кредити, дури 129 проценти од БДП.
Веднаш по Грција, на листата на најзадолжени земји во ЕУ следуваат Италија и Португалија, со ниво на долг од 135,1, односно 129,6 процентни од БДП.
Од друга страна, најмалку задолжени држави во Унијата се Естонија со ниво на долг од 10,5 проценти од БДП, Луксембург со 21,6 и Бугарија со 29,6 отсто.
Според правилата на ЕУ, долгот на една земја-членка не треба да биде поголем од 60 проценти од БДП. Овој услов во првиот квартал од 2015-та го исполниле само 11 од 28-те членки на Унијата – Бугарија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



