| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка од Куманово им се приклучила на борците на ИД

Како што пренесуваат албанските медиуми З.К. (18) од Куманово, била примерна девојка, а на борците на ИД во Ирак им се приклучила пред неколку месеци.

devojka

Нејзините родители за неа велат дека била примерна ученичка и дека не очекувале таа да направи такво нешто.

Нејзиниот татко, А.К. познат бизнисмен во Куманово вели дека несватливо е како неговата ќерка потпаднала на таквите пропаганди.

– Сè уште не можам да поверувам. Скеој ден ја чекам да чукне на врата и да побара извинување за она што го направи, вели А.К. и додадева дека е подготвен сè да направи за да си ја врати ќерката дома.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top