Израснати во 80те години на минатиот век, Сем Бренер, Вил Купер, Лудлоу Ламонсоф и Еди „Оганофрлачот“ илјадници пати го спасувале светот – во видео играта за која плаќале по 25 центи по партија. Сега ќе мораат да го спасат светот и во реалниот живот. Во акциската комедија „Пиксели“ откако интергалактичките вонземјанци потполно погрешно ќе ги разберат кодовите на аркадната видео игра, тие ќе и објават војна на Земјата користејќи ги видео игрите како модел за своите напади. Американскиот претседател Купер е принуден да ги повика своите пријатели и заедно со стручњаците во видео игри да се обидат да го спасат светот пред Пек-Мен, Донки-Конг, Галага, Центипид и Спејс Инвејдерс го уништат. Во нивната битка ќе им се придружи и Вајолет Ван Патен, специјалист за набавка на единственото оружје кое е потребно да се поразат вонземјанците.

Акционата комедија секако спаѓа во категоријата на филмови кои ретко имаме прилика да ги видиме. Филмот го режираше Крис Колумбус чии филмови (меѓу кои се најпознатите две продолженија на серијалот „Сам дома“ и првите две продолженија на Хари Потер) на светските кино благајни заработиле повеќе од 4 милијарди долари! Пред извесно време беше прославена и 35 годишнината од Пек-Мен, проследена со интересни случувања и активности.
Сите оние кои минатата година тивко плачеа во кината поради филмот „Виновни се ѕвездите“, базиран на истоимениот бестселер на Џон Грин, можат да ги остават марамчињата! Иако „Градови на хартија“ е филмска адаптација на уште една негова хит книга, на фановите нема да им бидат потребни марамчиња. Мистериозната авантура пристигнува на репертоарот од 23 јули, а главните јунаци Нет Вулф и Кара Делевињ ќе измамат насмевки бидејќи филмот ги слави љубовта и пријателството.
„Градови на хартија” претставува модерна пријказна во чие средиште се наоѓаат Квентин (Нет Вулф) и неговата загадочна сосетка, Марго (Кара Делевињ) која толку ги сака мистериите што и самата се претвора во една. Квентин Џејковсон е интелигентен, посветен пријател и романтичар. Има седумнаесет години и е во завршна година во средно училиште. Квентин смета дека секому се случува по некое чудо во животот, а неговото се случило кога имал девет години – кога Марго Рот Спигелман се доселила во соседството.
Една ноќ, само неколку недели пред матурата, Марго се појавува на прозорецот на Квентин и го води во таинствена авантура, која за Квентин претставува сигнал дека ќе го обноват пријателството, а можеби и нешто повеќе? Тој знае дека животот ќе му се смени. И се менува. Следното утро, Марго исчезнува. Квентин почнува да наоѓа траги, навидум оставени само за него, траги за тоа каде отишла и зошто. Решавајќи ја оваа мистерија, започнува уште една авантура. Со пријателите, Бен и Радар, и со новите пријателки, Лејси и Анџела, тргнува на пат да ја бара Марго. Во текот на разрешувањето на мистеријата, главните јунаци го откриваат вистинското значење на пријателството и сложеноста на енигмата наречена Марго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


