| четврток, 6 декември 2018 |

Утре започнува екоакцијата „Екопролет 2013“ во Штип

Утре во општина Штип, со чистење на цврстиот отпад во населбата Света Недела, почнува екоакцијата „ЕкоАкцијарта пролет 2013“

Eko-2013

Акцијата ќе се одвива до крајот на мај, при што граѓаните од 15 урбани заедници со претставници на Општина Штип ќе ги чистат своите средини, а мотото на акцијата годинава е „Чиста средина – здрава иднина“.

Ова е распоредот на акциите низ урбаните заедници: 30 март – 31март (саб-нед) – населба Св. Недела, 6 април – 7 април (саб-нед) – населба Дузлак, Пребег, 13 април – 14 април (саб-нед) – населба Тошо Арсов, Сењак, 20 април – 21 април (саб-нед) – село Ново Село, Васил Доганџиски, 27 април – 28 април (саб-нед) – населбите Железничка, Македонка, Балканска, Чардаклија, 11 мај – 12 мај (саб-нед) – населбите Баби, 8-ми Ноември, 18 мај – 19 мај (саб-нед) – населбите Автокоманда, Брегалница, 25 мај – 26 мај (саб-нед) – населбите Славчо Стојменски, Стар Караорман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top