Младинско учество е темата за конкурсот за разгледници на Y-PEER Македонија за кој младите до 29 години треба да земат учество најдоцна до 5 август.
Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво поточно да се информираат за развојната агенда на ООН и улогата на младите во истата. Разгледницата треба да е дизајнирана во димензии 105 mm х 148 mm и да се достави во еден од следните формати AI, EPS, PDF (со задолжителен приказ во JPG); доколку визуелното решение е фотографија да се достави во 300 DPI со димензија 105 mm x 148 mm.
Победничкото визуелно решение ќе се печати во тираж потребен за кампањата Youth Voice и ќе се награди со -Pen Tablet Pro.
Креативното решение, согласно пропишаните спецификации, треба да се прати на [email protected], при што ќе добиете потврда за успешно примање на решението
Повеќе информации на http://youthpeer.org.mk/y-peer-makedonija-konkurs-za-dizajn-na-mladinska-razglednica/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата
-
Трамп твитна по резолуцијата за Израел „По 20 јануари работите ќе се поинакви“
-
Гутереш положи заклетва за Генерален секретар на ООН


