Како што купуваме и се мачкаме со соодветни препарати за кожата, кои не штитат од УВ зраци од надвор, подеднакво е важно што внесуваме во организмот секојдневно, бидејќи и храната ќе не заштити од сонцето, но со здравје кое доаѓа одвнатре.
– Портокаловиот и темно зелениот зеленчук се богати со бета-каротен, така што во овој период од годината треба да се добро застапени во нашата секојдневна исхрана.
– Храната богата со антиоксиданси, односно витамините А, Ц и Е и селен, е исто така добредојдена во чинијата, бидејќи тие помагаат во обновувањето на оштетените клетки на кожата. Најдобрите извори на овие хранливи материи се свежото овошје и зеленчук, житариците, оревите, семките и мешунките.
– Исклучително важни се намирниците како туна, лосос, бакалар, црни дроб, мешунки…
– Мора да се користат и растителните масла богати со незаситени масни киселини, кои се особено препорачливи за летната исхрана, а во оваа група спаѓаат маслиновото масло, маслата од семки од тиква или семе од репка, како и маслата од различни јаткасти плодови, кои се се попопуларни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


