| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за концертот на Иво Погорелиќ на „Охридско лето“ продадени за два дена

Иво Погорелиќ на 25 овој месец  ќе настапи во црквата Света Софија во рамките на „Охридско лето“. Како што информираат организаторите,неговиот настап бил распродаден за само два дена по објавувањето на програмата. Од  Дирекцијата на Фестивалот велат дека се бара решение, сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан.
Од Охридско лето велат голем бил бројот на гости од странство кои специјално најавиле дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Раководството на Фестивалот вели дека иако сеуште не знаат на кој начин сепак ќе овозможат сите заинтересирани да го следат концертот на легендарниот пијанист Иво Погорелиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top