По синоќешниот натпревар меѓу ПСЖ и Фиорентина во рамките од Интернационалниот Куп на шампиони во кој победи францускиот шампион со 4-2, новинарите на прес-конференцијата повеќе ги интересираше иднината на Златан ИБрахимовиќ отколку детали од натпреварот.
На едно прашање од италијански новинар, дали тој ќе биде противник на „виолетовите“ следната сезона, алудирајќи на трансфер на Ибракадабра во Милан, шведскиот интернационалец само се насмеа.
– Не знам. За тоа каде ќе играм следната сезона треба да го прашате мојот менаџер Мино Раиола, него му ја препуштив одлуката – одговори Ибрахимовиќ.
Тој има договор со ПСЖ уште една сезона за која треба да заработи 12 милиони евра, но во игра за негов ангажман е Милан кој му нуди тригодишен договор со годишна заработувачка од 7,5 милиони.
Ибрахимовиќ сака да се врати и да работи со Михајловиќ. Тој дури има и ветување од шеикот Ал Келаифи дека може да го напушти Париз откако ќе го одигра суперкупот на Франција против Лион што се игра на 1. август во Монтреал.
Во секој случај Милан чека, а Мино Раиола како и секогаш го има последниот збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.