Големата трагедија „Антоние и Клеопатра“ која Велијам Шекспир ја напиша во 1606 година, за прв пат преработена во театарска претстава на македонски јазик, вечер во Битола ќе го означи почетокот на Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“.
Домаќинот и организатор на меѓународниот културен настан, како во минатите две, така и оваа трета година одлучи да понуди премиера која ја подготуваше гостинот од САД, режисерот Џон Блондел.
– Многумина, како и јас лично, „Антоние и Клеопатра“ ја сметаат за најтешка драма, но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир. „Антоние и Клеопатра“ го покажува опојното влијание на моќта и копнежот, како и сеизмичките промени кои се појавуваат во поголемиот дел од цивилизираното општество кон залезот на последниот милениум пред новата ера. Чест е да се режира првото првото поставувањена оваа драма на македонски јазик, преку еден нов и моќен превод на неспоредливиот Драги Михајловски и на мое огромно воодушевување, да соработувам со извонредните уметници од битолскиот театар, истакна режисерот Блондел во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Главните улоги во најновиот проект на битолскиот театар ги толкуваат Валентина Грамосли, во улогата на Клеопатра и Петар Горко во улогата на Антоние.
Во претставата „Антоние и Клеопатра“ настапуваат и актерите Соња Михајлова, Марјан Ѓоргиевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Елена Моше и Викторија Степановска. Преводот на текстот на македонски јазик го направи Драги Михајловски, асистент на режија Јован Ристовски, драматург Билјана Крајчевска, советник Рандал Мартин, музика Миодраг Неќак, сценографија Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, сценски движења Рисима Рисимкин.
Интернационалниот театарски „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола. /миа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва почнува „Битола Шекспир Фестивал“: Претставата „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“ го отвора фестивалот
-
Александар Аладишев, руски актер: Театарот е универзален јазик
-
Со музичко-сценски „Шекспир колаж“ почна „Битола Шекспир фестивал“
-
Валентин Светозарев: Битола Шекспир фестивал ја промени репертоарната политика на нашите театари