| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец се обидел да ограби македонско семејство во Парга

Млад арамија од Албанија, се обидел да го ограби возилото на четиричлено македонско семејство кое летувало во Парга, Грција.

Како што пишуваат грчките медиуми, бил забележан од Грк кој знаел дека туристите се на плажа, па веднаш ја алармирал полицијата.

Крадецот е фатен како бега со торба во која имало лични исправи и пари. Во полициска станица, торбата им била вратена на македонските државјани, а крадецот е уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top