Чувар на фабрика во Крушевско четири месеци крадел врати, шкафови и друго сѐ додека не бил откриен.
Полициската станица во Крушево поднеле кривична пријава за А.З. од село Алданци, Крушевско, за кривично дело тешка кражба.
Пријавениот, во периодот од јули до октомври 2012 година, од објект на млекарницата „Еко Шар“ – Тетово, каде што бил вработен како чувар, кој се наоѓа во местото познато како Стопанство, атар на Алданци, одзел 35 алуминиумски врати, метални шкафови, каси, метални рафтови и други предмети кои биле сопственост на лица доверители во стечајна постапка во поранешната фирма „Еуро Тек“ – Прилеп, а кои му биле оставени на трајно користење на сопственикот на „Еко Шар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.