| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавени 1350 кандидати за 650 места во МВР

За една недела од објавувањето на двојниот конкурс за вработување во МВР пријавите доставиле 1350 кандидати.

Најголем интерес има за полицајци. Од вкупниот број, дури 1147 од пријавите се за вработување како полициски службеник, додека останатите 203 пријави се за вработување во кабинетот на министерот, одделенијата и секторите за внатрешни работи, пренесува „Сител“.

По завршувањето на законски предвидениот рок за доставување пријави кои истекува до крајот на оваа недела ќе следи административна селекција за утврдување дали кандидатите ги исполнуваат бараните услови.

По ова ќе следат строги психо физички тестови, а согласно позицијата за која се пријавени кандидатите ќе има посебни проверки.

Во огласот кој МВР го објави пред една недела бара 600 полициски службеници и 52 ца извршители со високо образование. Конкурсот е резултат на големиот одлив на кадар во редовите на МВР кои годинава заминува во пензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top