| четврток, 6 декември 2018 |

ИД користи „кокошка-самоубец“

­ Џихадистите од групата Исламска држава, наводно, почнале да користат кокошки како мобилни импровизирани експлозивни направи, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

kokoski

 

Фотографиите од т.н. „кокошка-самоубиец“ масовно се шират низ интернет меѓу корисниците што се „за“ и „против“ ИД, иако нивната автентичност не може да се потврди, наведува британскиот весник.

Припадници на екстремистичката група што дејствуваат во и околу ирачкиот град Фалуџа, наводно на кокошките им врзувале експлозивни појаси, што потоа ги насочувале да одат во правец на непријателските кампови.Откако ќе се најделе во рамки на дострел за напад, без предизвикување сомнеж, екстремистите од ИД, со помош на далечински управувачи ги активирале експлозивните направи поставени на кокошките, убивајќи ги сите кои ќе се затечат во близина.

Употребата на ваквите експлозивни направи покажува дека ИД полека останува без муниција, по годините борби во Сирија и Ирак, наведува „Дејли стар“, повикувајќи се на неименуван експерт. ­

– ИД ќе ги искористи сите можни средства да предизвика смрт и разурнувања. Користењето животни има мала воена вредност, ­ тоа е само уште еден пример дека нивните изопачени умови смислуваат бизарни начини да убиваат луѓе, изјави за весникот неименуван Британец, кој се бори на страната на курдските борци во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top