| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската војска го повлече оружјето од Донбас

Украина го повлече оружјето од Донбас регионот согласно договорот од Минск, соопшти денеска портпаролот на воените сили Јузеф Венсковиќ. ­

Ukrainian servicemen ride on military vehicles as they leave area around Debaltseve

– Гранатирањата се уште се интензивни, иако вооружените единици на самопрогласените републики Донецк и Луганск се повлекоа од борбената линија, изјави портпаролот.

Донецк и Луганск на 18 јули најавија повлекување на тенковите и оклопните возила на растојание од најмалку три километри од борбената линија, пренесува ТАСС.

Вооружувањето на Донецк е останато само северно од градот и во Дебалцево, на дел од линијата на кофликт. Луганск го повлекува оружјето долж целата линија на борба, вклучително областите во близина на Шасти. Донецк и Луганск се одлучија на еднострано повлекување на вооружувањето, согласно договорот од Минск.

Според ТАСС денеска е можен и нов состанок на контакт групата во Минск, за решавање на проблемот во Источна Украина. Двете страни најголем напредок направија во повлекувањето на оружјето со калибар помал од 100 милиметри. Тоа ќе биде главна тема на состанокот, најави претставникот на Луганск Владислав Деинего.

Милицијата на Народна Република Донецк ќе почне со повлекување на тенкови и оклопни возила од уште три позиции на борбената линија, најави денеска портпаролот на локалното министерство за одбрана Едуард Басурин.

Басурин нагласи дека повлекувањето ќе го следат набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Заедничкиот центар за контрола и координација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top