Скопската општина Чаир ги отпочна работите за изградба на втората фаза од плоштадот „Скендербег“, со која е предвидено да се премости булеварот Гоце Делчев, објави „Мкд.мк“. Плоштадот ќе се простира од стоковната куќа „Мост“ до улицата Стив Наумов, како и од стоковната куќа „Илинден“ до Македонската опера и балет.
Проектот предвидува плоштадот над булеварот да ја има потребната висина за слободно да поминуваат автобуси и камиони под него. Одозгора на плоштадот, ќе има фонтана, урбана опрема, настрешници, инсталации и клупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.