| четврток, 6 декември 2018 |

Карл Билт: Путин како Милошевиќ

Поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска Карл Билт го спореди рускиот претседател Владимир Путин со поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.

путин

Билт го спореди односот на претседателот Путин кон поставување на мировните сили во Украина со односот на Милошевиќ кон поставување на мировници во Источна Славонија. За Билт поставување на мировни сили е модел за решавање на кризата во Украина.

Билт во својот текст наведува дека решението за Украина е во Донецк да се распореди мировна мисија која би се грижела да се обезбеди враќање на раселените кои си заминале поради насилството. На тој начин би се олеснила реинтеграцијата во тој регион во Украина.

– Многу слично на Путин, кога станува збор за украинското прашање тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ тврдеше дека прашањето може да се реши само по пат на директни преговри меѓу српските сепаратисти и хрватската Влада во Загреб – се наведува во текстот на Билт.

Билт наведува дека сепаратистичките сили во Украина зависат од финансирањето на Русија, како што Србите во Хрватска зависеле од Владата на Милошевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top