Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол е усмртен откако во него удрил автомобил.
Несреќата се случила синоќа, еден час по полноќ, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај Трапчин Дол кога А.С. (64) од кичевско Букојчани со автомобил „oпел aстра“ удрил во пешакот Шукри А. (60).
Лицето поради сериозните повреди со кои се здобило починало на самото место.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.