Реал Мадрид ќе се обиде со нова офанзива да дојде до потписот на најдобриот играч на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.
Ројс во текот на минатата сезона го обнови договорот со „милионерите“, но доби ветување од управата на Борусија дека доколку пристигне понуда од некој европски гигант сериозно ќе ја разгледаат.
Крилниот напаѓач на германската репрезентација се поврзуваше со трансфер во Луверпул откако „црвените“ беа подготвени да ги потрошат сите пари од трансферот на Рахим Стерлинг во Манчестер Сити, но по ангажманот на Бентеке оваа опција пропадна.
„Кралевите“ се свесни дека мора да се засилат со врвен фудбалер кој може да ја направи разликата на теренот и со тоа да се обидат да му парираат на најголемиот конкурент, Барселона. Токму затоа претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ќе се обиде да го доведе Ројс во тимот и ќе започне преговори со Борусија.
Се шпекулира со сума од 50 милиони евра, што би ги убедила Германците да се разделат од својот најдобар фудбалер, а на Рафа Бенитез би му донела врвно засилување со кое Реал дефинитивно би добил на квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“


