| четврток, 6 декември 2018 |

Немате клима? Разладете се со помош на овие неколку трикови

Доколку немате клима или не сакате клима овие неколку совети би можеле да ви помогнат да се разладите за време на ноќта и колку-толку полесно да заспиете.

devojka so ventilator

Влажен пешкир на прозорецот

Отворете го прозорецот и преку отворот поставете влажен пешкир или некоја друга ткаенина кога за време на жешката ноќ ќе функционира како клима-уред.

Коцки мраз пред вентилаторот

Пред спиење собата разладете ја така што чинија со коцки мраз ќе поставите пред вентилаторот.

Ладна бања за нозе

Една ладна бања не само што ќе ве разлади, туку и ќе ви помогне полесно да заспиете. Изладувањето на нозете го релаксира целиот организам.

Ледени чорапи

Посебно во топлите ноќи ќе ве освежат ледените чорапи. Само ставете ги чорапите во замрзнувач и облечете ги пред спиење. Ист ефект може да постигнете и со изладување на маица или на некој помала перница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top